Нови детали за уапсената пејачка Романа:Позајмила 50 илјади евра од лихвари, па избегала од Србија!

739

Откако за познатата балканска поп-пејачка Романа, по потекло од Босна и Херцеговина, одекна како бомба веста дека е уапсена во далечната Австралија, а која и ние една година ја видовме како учесничка на нашиот “Охрид фест“, затоа што со нејзиниот дечко Филип поставувале уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн со што краделе пари, испливале нови шокантни детали околу нејзината многу лоша финансиска ситуација.

Романа паднала во финансиски долгови кога пред две години позајмила 50.000 евра од лихвари за да купи стан во белградската населба Вождавац, пишува српски „Информер“. Беспомошно се обидувала да собере пари, да го врати долгот со голема лихварска камата.

Се разбира дека ги позајмила тие 50.000 евра од лихварите кои непречено функционираат во Србија, а кои и пресметале и голема камата. За станот и биле потребни само 30.000 евра, а со остатокот на парите сакала целосно да го реновира. Мислела дека ќе може да одвојува од хонорарите од секоја своја тезга, да излезе од сите долгови за една година. Но работите почнале да одат во сосема несакана насока. Имала сè помалку тезги, на естрадата се појавија некои нови поинтересни пејачки, па Романа речиси останала без работа. Тогаш одлучила “спасоносно“ да избега од Србија!

Таа на некој начин била во бегство, иако решена да ги врати парите што им ги должела на лихварите. Ја обиколи Италија, беше видена во Париз, па потоа остана во Мајами на некое време кај свои пријатели. Најпосле замина во Австралија во која поради грабеж на банкомати, деновиве беше уапсена со дечкото.
Осудена е експресно на едногодишна казна затвор кој ќе го издржува во Австралија.

Условите за ваков финансиски криминал, во тамошните затвори, се според сите светски стандарди на човечноста. Таа никого не убила, па има голема разлика во однос на изречената казна. Само крадела пари за да преживее. Ќе биде сместена со уште една девојка во иста соба-ќелија, а ќе и се овозможи да има лекар, фризер, да може да посетува и теретана и затворен базен…
По издржувањето на казната Романа ќе биде депортирана во Србија или во Босна и Херцеговина, со строга забрана за влез во Австралија.  foto:Instagram