Нови гумени подлоги за детското игралиште во градинката „13 Ноември“

111

Општината Центар го реконструираше детското игралиште во градинката „13 Ноември”.

Како што информираат општинските власти поставени се нови гумирани подлоги.

-Како локална самоуправа продолжуваме со активности за грижа и безбедност за нашите најмлади и обезбедување подобри услови за игра и рекреација-велат од Општина Центар.