Нови вработувања во Музејот „Западна Македонија во НОБ“ во Кичево

153

Националната Институција, музејот „Западна Македонија во НОБ“ во Кичево, собира материјали поврзани со Народноослободителната борба во Западна Македонија. Директорот на установата Илми Велиу најави дека наскоро ќе се вработат уште пет стучни луѓе, за кои веќе е добиена и согласност од надлежното министерство, но и од Министерството за финансии.

Тој вели дека го радува фактот што бројот на посетители се зголемува и тие доаѓаат претежно организирани. Влезот во музејот е слободен.

Музејот е отворен пред 39 години и се наоѓа на самиот градски плоштад. Постојаната поставка на музејот ја покажува борбата на народот за слобода каде што има документи кои сочинуваат автентични материјали, предмети, фотографии, цртежи, мапи, знамиња, модели и текстови. Покрај материјалите, изложено е и вистинско оружје кое се користело од страна на востаниците од овие краишта.