Нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје и уште 13 градови

89

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.

– Со оваа набавка од 42,5 милиони денари преку Дирекцијата за заштита и спасување овозможуваме сериозно подобрување на техничката опременост за следни интервенции и навремено подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби пред следниот критичен период. Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема, најдобри услови за работа, бидејќи секогаш во критични и опасни ситуации тие се меѓу првите кои излегуваат на терен и граѓаните секогаш сметаат на нив. Благодарни сме им на пожарникарите, на овие великодушни луѓе, храбри и со големо срце. Вие сте нашите херои – истакна премиерот Димитар Ковачевски.