Новицки го мина и Чемберлен

98

Кошаркарот на Далас, Германецот Дирк Новицки, стана шести најдобар стрелец во НБА лигата, откако на натпреварот против Њу Орлеанс, кој го загуби неговиот тим со 125:129 по продолжение, го мина легендарниот центар Вилт Чембрлен и неговите 31.419 поени. Кошаркарот на Далас влезе во мечот свесен дека му недостигаат само четири поени за ова достигнување, па веќе во првата четвртина ги погоди првите два шута кон противничкиот кош, за еуфорично славје меѓу домашните фанови.

  • Чувството е неверојатно. Знаев дека сум на околу 200 поени од Чембрлен на стартот од сезонава, верував дека ќе го престигнам, но потоа се повредив и почнаа да се појавуваат сомнежи. Сепак, во последните седмици играв одлично, ја имав и довербата на соиграчите кои бараа што повеќе да шутирам. Мило ми е што конечно се заврши, истакна Новицки.

Резултати: Кливленд – Детроит 126:119, Вашингтон – Јута 95:116, Бостон – Денвер 105:114, Торонто – Њујорк 128:92, Оклахома – Мајами 107:116, Сан Антонио – Голден стејт 111:105, Феникс – Чикаго 101:116, Портланд – Индијана 106:98.