Во време на најголемата пандемиска криза, кога многу клубови ги намалуваа буџетите и платите, Реал Мадрид работеше на нов стадион.

Флорентино Перез тогаш најави нешто што досега не е видено во светот на спортот и се чини дека беше во право. Според она што може да се види, ќе се воведат некои големи промени, така што на стадионот ќе може да се играат и некои други спортови, како кошарка, тенис, па дури и американски фудбал. Но, треба да се почека барем уште една година за официјалното пуштање во употреба на комплетниот комплекс, според пишувањето на шпанска „Марка“.

  • Има уште многу работи што треба да се поправат при реновирањето. Најголемите оптимисти велат дека се ќе се реши до јуни 2023 година. Потребно е да се средат работите и околу стадионот, бидејќи сето тоа заедно ќе го направи најспектакуларниот стадион на светот. Покривот е речиси готов, сите детали треба да бидат завршени во следните неколку недели. За разлика од тој дел, трибините на источниот дел од стадионот сè уште не се ни блиску до комплетирање, додека западната неодамна започна да се комплетира, се наведува во текстот на шпанскиот медиум.