Новиот сој ги исплаши берзите во САД, земјата може да воведе забрана на летови од Јужна Африка 

134

Тргувањата на главните индустриски берзи во САД денеска започнаа со загуби, цените на нафтата паѓаат, а авиокомпаниите најавуваат откажување на летови, откако синоќа стигна веста за новa и опаснa мутација на коронавирусот. 

Утринава, индексот на Доу Џонс се намали за 800 поени, или 2.2 отсто, Стандард и Пур се намали за 1.5 отсто, додека технолошката Насдак берза падна за 1.1 процент.

Антони Фаучи, главниот експерт за инфективни заболувања во Администрацијата на Џо Бајден, изјави дека и САД размислуваат за можноста од забрана за летови од јужниот дел на Африка. 

-Секогаш постои можност да се направи она што го направи Велика Британија, имено да се блокира сиот патнички приток од Јужна Африка и блиските земји, изјави Фаучи денеска за Си-ен-ен. 

Додаде дека сепак, официјалана одлука се нема донесено. 

Некои други земји реагираа поодлучно. Франција, Велика Британија, Јапонија и Израел започнаа со забрани или наредеби за карантин за сите патници кои пристигаат од регионот на јужиот дел на Африка. А тоа се очекува мошне брзо да го стори и ЕУ. 

Лондон синоќа донесе одлука за блокирање на патничките летови од Јужна Африка, што предизвика криктики од јужноафриканските официјални лица. Одлуката беше донесена итно, откако научници од земјата на прес конференција објавија за присуство на нова и опасна мутација на вирусот со потекло од Боцвана. 

Стапката на вакцинација во Јужна африка е околу 25 отсто од вкупното население во земјата, една од пониските во светот. 

Светската здравствена организација денеска го вклучи новиот сој на вирусот во групата на „соеви што предизвикуваат загриженост“. Оттаму изјавија дека оваа варијантата на коронавирус претставуава зголемен ризик за инфекција.