Новинарот кој ја разоткри аферата на Бил Клинтон е пронајден мртов

3177

45-годишниот телевизиски новинар кој прв извести за тајната средба меѓу поранешниот претседател Бил Клинтон и тогашната јавна обвинителка Лорета Линч, што се одржа на нејзиниот приватен авион во 2016 година, е пронајден мртов, а неговата смрт се смета за самоубиство.

Полицијата во Хувер, Алабама, соопшти дека добиле 911-повик во 08:13 часот во саботата од непознато лице и по пристигнувањето на одговорните во домот на Кристофер Сајн, го пронашле неговото безживотно тело, пренесува Дејли Мејл.

Сајн, кој беше поранешен фудбалер на Универзитетот во Алабама и ветеран во новинарството, во 2016 година откри дека Бил Клинтон тајно се сретнал со обвинителката Линч во неговиот приватен авион на аеродромот во Феникс за да разговара за истрагата против поранешниот Државен секретар на САД.

Средба, која и Клинтон и Линч подоцна ја прикажаа како пријателска бидејќи тие и онака приватно се дружеле.

Веста за наводното самоубиство на Сајн веднаш стана предмет на медиумски шпекулации, бидејќи не е непознато дека Клинтонови имаа остри реакции кон Сајн во однос на разоткриената афера.