Новинарот кој ја откри аферата со болни крави во Полска раскажа како се инфилтрирал во компанијата

59

 

Пазарот со месо низ Европа беше потресен кога пред неколку дена во јавноста беа објавени шокантните снимки од кланицата во Полска во која во тајност снимал истражувачкиот новинар Патрик Шчепаниак, koj за “Euractiv” раскажал како се подготвувал за задачата и што се доживеал во текот на тринеделната истражувачка работа.

„Најшокантно ми беше кога ја видов првата крава, која ја извлекоа од камионот на колење, немаше глава…Бев толку шокиран што само го направив тоа што ми кажаа да направам, а ми река да се погрижам за торзото”, ја започнал својата приказна Шчепаниак.

Таа ноќ изброил 20-тина болни крави кои одвај можеле да стојат на нозе.

 

Откако ги објавил скриените снимки од болните крави и разоткрил илегални работи во кланицата во Полска, новинарот Патрик Шчепаниак раскажал што се доживеал во текот на тринеделниот престој во кланицата.
Измина околу една недела откако се појавија шокантните снимки од полската кланица во Калиново, кои прикажуваат како болни крави се шверцуваат во текот на ноќта во кланицата и се обработуваат без никаква ветеринарска инспекција. Аферата ја разоткри полскиот новинар Петер Шчепаниак, кој за “Euractiv” раскажа како се подготвувал за задачата и што се доживеал во текот на тринеделната истражувачка работа.
“Најшокантно ми беше кога ја видов првата крава, која ја извлекоа од камионот на колење, немаше глава…Бев толку шокиран што само го направив тоа што ми кажаа да направам, а ми рекоа да се погрижам за торзото”, ја започнал својата приказна Шчепаниак.

Иако и самиот е вегетаријанец и не јаде месо, откако влегол во ноќната смена почнал да јаде и месо како другите работници и да обработува болни делови од животните. Бил згрозен од сето тоа, но издржал, бидејќи имал повисоки цели.
-Шефот ми нареди да ставам ветеринарски печат дека месото е во ред. Тоа беше месо кое никој не го прегледа и тоа го правев без присуство на ветеринар. Јас морав да ја работам ветеринарската работа”, рекол тој.
Тврди дека кланицата во која работел имала многу доверлив доставувач од северот на Полска”, каде ги продавале најлошите делови од месото, “болните и заразените, кои се преработувале и се продавале како колбаси и кебапи”.

Според неговото мислење, грешка направила ветеринарската служба, еднакво како и државата, која не се грижи доволно за фармерите.

“Кога тие ќе погрешат, тогаш целиот систем пропаѓа. Освен тоа, во Полска има недостиг на потпора за фармерите. На пример, ако некој има болна крава, често нема пари да ја лечи или да ја убие на хуман начин, со инекции, како што предвидува законот, па се ослободува од неа”, објасни Шчепаниак за “Euractiv”.

За среќа, досега не примил никакви закани, но интересно е дека државните медиуми во Полска воопшто не известувале за овој инцидент.