Нова цена на горивата

78

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, Еуродизел  (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за два денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,386 денар/килограм и сега изнесува 44,213 ден/кг.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.