Нова студија: Колективен имунитет не е можно да се постигне!

138

Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.

Студијата објавена во медицинското списание покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет се постигнува кога доволен дел од населението односно околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење.

Според Европскиот центар за контрола на болести во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложено на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење што ја прави идејата за постигнување на колективен имунитет преку природна зараза, неостварлива.

Слични студии во Кина и САД исто така покажале дека поголемиот дел на популацијата не би изложен на коронавирусот, дури и во областите кои биле поголемо жариште и значителен број на заразени, стои во коментарот на угледниот магазин за медицина Лансет, во којшто е објавено споменатото истражување.

Лекарите се уште не се сигурни колку долго штитат антителата и дали воопшто не штитат од повторна зараза. Оваа студија ја водела водечката шпански владина агенција за истражување и епдимиологија, а почнала во април, кога нацијата била во строг карантин.