Нова серија со подобри првични оценки од „Игра на престоли“ и „На лош пат“

130

Новата серија на ХБО, „Чернобил“ веќе ја прогласуваат за една од најдобрите серии за годинава, а по само три епизоди (од вкупно пет), на ИМДБ веќе има подобри оценки и од светски популарните „Игра на престоли“ и „На лош пат“.

Оцената изнесува 9,6 од 10, а серијата ги одушевува и критиката и публиката. Приказната е околу тоа како дошло до хаваријата во нуклеарната централа Чернобил во поранешна Советска Украина, ноќта на 25 кон 26 април 1986 година, како и последиците, но и заташкувањата што се случиле потоа.

„’Чернобил’ е еб*но ремек-дело. Ако не сте почнале да го гледате, морате, верувајте ми”, „’Чернобил‘ е една од најстрашните серии кога било снимени, а сè тоа навистина се случило“ – се само дел од коментарите.

Чернобилската катастрофа е една од најголемите за кои е заслужен човекот. Погодени беа повеќе од 3,5 милиони луѓе, а 50.000 квадратни километри земја биле контаминирани.

Фактот што приказната е вистинита, се чини, е одговорен за високата гледаност и пофалбите.