Нова понуда за Неимар

71

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона, откри дека раководните лица подготвуваат нова понуда за бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Неимар. Актуелниот шампион на Шпанија веќе подолг период се обидува да го врати на „Ноу Камп“ крилниот напаѓач но двата клуба не можат да постигнат договор околу обештетувањето. Истиот извор откри дека Барса сега е подготвена во обратната насока да ги испрати Антоан Гризман и Осман Дембеле.