Нова понуда за Лингард

80

Новите сопственици на најбогатиот фудбалски клуб, англискиот премиерлигаш Њукасл, испратија нова официјална понуда за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Како и претходната така и новата понуда е за позајмица на репрезентативецот на Англија до крајот на актуелната сезона. Крилниот напаѓач на крајот од сезоната ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе си замине од „Олд Трафорд“ без никакво обештетување.