Нова позајмица за Санчез

85

Челниците на италијанскиот калчолигаш Интер ќе се обидат да договорат нова позајмица на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез. Крилниот напаѓач е во сопственост на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, но актуелната сезона ја одработува како позајмен играч на „Џузепе Меаца“.

Иако беше повреден во поголемиот дел од сезоната, раководните лица на Интер сериозно размислуваат за нова позајмица, додека Јунајтед посакува целосно да се ослободи од неговите услуги за време на летниот преоден рок.