Алкалоид со максимални 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија, Цирих. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра до сега и на ниту една табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен. Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

После петото коло, во водство е екипата на Обетиво Рисасименто Падова од Италија со максимални 10 бодови. Потоа следуваат Медни Всадник од Петербург Русија и СК Џоли Лиса над Лабем од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до десетото место со осум бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка СК Џоли Лиса над Лабем.