Нова напад во Могадишу:Терористите на Ал Шабаб вечерва нападнаа хотел

47

Сомалиските исламски милитанти вечерва нападнаа хотел во кој има ресторан за владини претставници во главниот град Могадишу, објави Ројтерс, повикувајќи се на полицијата и очевидци.

Терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда и контролира делови од земјата, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека цел била блиската претседателска палата.

„Бевме потресени од силна експлозија, по што слушнавме истрели. Седиме во нашите куќи и слушаме пукање“, рече Ахмед Адбулахи, кој живее во близина на центарот.

Напаѓачите упаднале во хотелот „Виља Роуз“, но се уште не е познато колку има, соопштија полициски службеници.

Некои владини функционери избегаа бегајќи низ прозорците.