Нова мутација на короната – „Делта плус“ варијантата е најзаразен сој на вирусот!

835

Новата мутацијата на коронавирусот, варијантата AY.4.2, кои некои ја нарекуваат и „делта плус“ е под засилен надзор во В.Британија.

Здравствените научници кои внимателно ја следат оваа мутација на делта сојот, која се уште е доминантна во В.Британија. Најновите податоци покажуваат дека шест проценти од сите генетски секвенцирани случаи припаѓаат на новиот сој, пренесува Би-би-си.

Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика во Лондон, истакнува дека сојот AY.4.2 се пренесува десет пати побрзо и полесно од оргиналниот делта сој кој е доминантен во светот.

Иако „делта плус“ може да биде најзаразен сој на коронавирусот од почетокот на пандемијата, стручњаците велат дека малку е веројатно дека тој ќе успее во голема мерка да го избегне дејството на моменталните вакцини.

AY.4.2 или „делта плус“ е една од 45 подваријанти на делта сојот забележани ширум светот. Научниците оваа варијанта ја идентификувале во јули годинава.