Нова книга: Италијанскиот мегахит “Осумте планини“ на македонски

177

Италијанскиот мегахит, романот „Осумте планини“ од Паоло Коњети, добитник на наградата „Стрега“, наскоро ќе биде објавен на македонски јазик од издавачката куќа „Македоника литера“.

“Ова е најпријатно откритие во италијанската литература во последниве години, интересен и извонреден роман, и иако е дело со високи книжевни вредности и со високи награди, за кусо време го „освои“ светот. За една година правата се продадени дури во 39 земји и преведен е на 39 јазици. ‘Осумте планини’ е романескна приказна за пријателство и за планината како метафора на животот. Тоа е приказна за машкото пријателство, осаменоста и семејните врски и за тешкиот пат кон индивидуалниот развој. Стилот на Коњети е од суштинско значење за успехот на романот – лесен и елегантен, а зборовите се одбрани со екстремна точност“, се вели во најавата на издавачот.