Нова книга: “Езеро” од Бјанка Белова на македонски

141

“Езеро” е насловот на романот на чешката писателка Бјанка Белова, што неодамна го објави издавачката куќа “Паблишер”. Преводот од чешки јазик е на Донка Роус.

“Езеро” е роман за духовниот развој и за потрагата по вистинската смисла на животот. Според самата авторка, романот е “пример за тоа што ќе се случи кога човек ја зема во свои раце историјата на светот и ја приспособува кон своите потреби”. Тој ја следи приказната на момчето Нами од едно рибарско село на крајот од светот. Загаденото езеро полека пресушува и се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат само својата егзема.

За овој роман авторката се закити со највисоката чешка литературна награда “Магнезија литера” за книга на годината, а исто така ја доби и Наградата за литература на Европската Унија во 2016 година.