Промоција на новата едиција „Лесно читливи лектири“, во издание на „Арс Ламина – публикации“, ќе се одржи утре (21 мај) во локалот „Амбрела“ во ГТЦ, со почеток во 11 часот.

„Станува збор за 40 лектирни изданија за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука. Новите лектири се разликуваат од сите претходни на пазарот, пред сè, по тоа што се лесно читливи за учениците, вклучително за децата со дислексија. Изработени се според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час“, посочија од издавачката куќа од каде истакнаа дека проектот „Лесно читливи лектири“ ја освоил првата награда во категоријата за „Најдобра едиција“, од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книгата 2019.