Нова едиција: Бајки од Македонија за цела година

265

На Саемот на книгата е промовирана книгата „Бајки од Македонија за цела година“. Новата едиција е составена од 52 бајки од македонското народно творештво, или по една бајка за секоја недела во годината.

Бајките се избор од собраните народни приказни од Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и Танас Вражиновски. Креативниот концепт и илустрациите се изработени од илустраторката Катерина Николовска, која работеше и на креативните решенија на претходните изданија на „Бајки од Македонија“.

Книгата е во издание на Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – ’Браво сине’“ и издавачката куќа „Арс ламина“.