Обидете се годинава да стоите скраја од националниот спорт – жалење, кукање, незадоволство, чувство дека не ви е дадено она што сте го заслужиле… Земете си го самите, она мало и убаво што ви го обележало денот.

Ако во минута во просек ни минуват педесетина мисли, тоа се дневно дури 50 илјади (повеќе или помалку). Потрудете се да бидат позитивни – она што го негуваш, тоа и ќе расте.

Не ги негувајте негативните мисли за да најдете оправдување, оти тие го потсилуваат нашето убедување дека нешто не можеме да сториме или дека, просто, не сме родени за да го постигнеме.

Намалете ги очекувањата и од секој ден грабнете го она најубавото. Пробајте (за проба пари не земаат) секој ден да запишете нешто убаво што ви се случило: првото запче на детето, убава мисла од книгата што ја читате, добра идеја, цвет што сте го виделе на минување… Запишете и спакувајте во тегла.

На крајот од оваа година ќе имате 366 пораки што ќе ве потсетат дека животот сепак е убав. Нека биде убав и за другите – сторете добро секогаш кога можете и без да очекувате да ви се возврати.