Нова водоводна мрежа на „Дижонска 1“ во Општина Чаир

191

ЈП „Водовод и канализација“ поставува нова водоводна мрежа на „Дижонска 1“ во Општина Чаир, инвестиција вредна 2.800.000 денари.

– Во текот на изминатиот период во Општина Чаир, на ул. „Дижонска“ бр.1, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, инвестираше во поставување на нова водоводна мрежа. Имено на ул. Дижонска бр.1, старата поцинкувана цевка 5/4 се замени со нова ф100, дуктилна цефка, во должина од 212 метри. Во текот на изведување на работните активности старите 34 водоводни приклучоци, беа земенети со нови и приклучени на новата мрежа – инфорираат од ЈП „Водовод и канализација“.

 

По завршување на работните активности од страна на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Општина Чаир започна со асфалтирањето на улицата.

– На овој начин, преку успешна и планска соработка на општината со ЈП Водовод и канализација – Скопје, жителите од овој дел од општината добија нова водоводна мрежа, подобрено водоснабдување и обновена улица – соопштуваат од скопски Водовод.