Нова атмосферска и фекална канализација на улица „Петричка“

61

Со поддршка од Министерството за транспорт и врски, во Маџир Маало интензивно се работи на поставување на нова атмосферска и фекална канализација и се реконструира дел од постоечката водоводна мрежа.

Како што информира Општина Центар, со изведбата, жителите на улицата „Петричка“ за прв пат добиваат нова канализација и реконструиран водовод, со што значително ќе се подобрат условите за живот во овој дел од Центар.