Новата фризура на Кристијано Роналдо ги зачуди сите во Јувентус

83

Екипата на Јувентус денеска продолжи со тренинзи по божиќниот одмор, а во центарот на вниманието како и секогаш беше Кристијано Роналдо, но овојпат поради фризурата.

Португалската суперѕвезда на тренинг се појави со „пунџа”, дел од косата му беше собрана во мало опавче, и бидејќи првпат Роналдо се појавува со ваков имиџ, тоа не мина незабележано од фоторепортерите и соиграчите.

Кристијано ретко експериментира со косата, а сега реши да си направи мала пунџа, нешто што е карактеристично за Златан Ибрахимовиќ кој ќе игра за Милан, па можеби ова е некаква скриена порака до Швеѓанецот.