Скоро секој поголем турнир во женска конкуренција не поминува со поголемо изненадување па така на Сад Опен, тоа беа Лејла Фернандез и Ема Радукану, а на Индијан Велс, тоа беше Шпанката Паула Бадоса, која и се закити со титулата.
Станува збор за тенисерка родена во 1997 година во Њујорк, моментно е 27. на ВТА листата.

Таа оваа сезона направи голем успех кога стигна и до четвртфиналето на Ролан Гарос, а потврди дека тоа не било случајност потврди на Индијан Велс, каде направи „жетва на фаворитиките“и стигна до титулата.

Колку многу напреуваше во играта говори и фактот што сезоната ја започна на 70. позиција на ВТА листата, а со 40 побединаправи голем скок со освојувањерто на турнирот во Калифорнија.

Но, освен со добриот тенис Паула, внимание привлече и со совјата убавина. Интересно е дека како дете била манекенка и модел, бидејќи нејзинте родители се од светот на модата. Но заради тоа имала проблем со депресијата за која и требало долго време да ја излечи. Дека лечењето било успешно потврди и настапот на Индијан Велс.

Оваа Шпанка одигра одлично и на Олимписките игри во Токио, кадестигна до четвртфиналето, каде заради големата горештина и се онесвести.