Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин. Сезоната требаше да започне на 21 март во Австралија, но таа трка беше одложена за 21 ноември, информираа од најбрзиот циркус на денешницата.

  • Задоволни сме да потврдиме дека бројот на трки за оваа сезона ќе остане непроменет. Пандемијата сè уште не дозволи животот да се врати во нормала, но во 2020 година покажавме дека можеме безбедно да се тркаме, како прв меѓународен спорт што ќе се врати во конкуренција и имаме искуство и планови да ја организираме оваа сезона, истакна претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали.

Минатата сезона започна во јули со трка во Австрија, се возеа 17 од 22 трки, а оваа сезона се планира да се одржат 23 трки.