Новата подваријанта откриена во Хрватска е уште позаразна од омикронот!

1219

Подваријантата на омикрон сојот што е откриена во Хрватска и од која засега се потврдени пет случаи, според првичните податоци е уште позаразна од омикронот.

„Се чини дека таа подваријанта е уште позаразна од омикронот. Побрзо се шири. За клиничката слика засега нема податоци дека е поразлична од онаа на сегашниот омикрон, се андеваме дека така и ќе остане бидејќи досега се покажа дека овој сој има поблага клиничка слика“ – изјави хрватската специјалистка за епидемиологија, Татјана Немет Божиќ.

Смртноста во Хрватска и понатаму е голема, за два дена од последиците на коронавирусот починале 96 лица.