Новата година дочекана и на Нов Зеланд

    38

    По Самоа, Тонга и Кирибати, новата 2022 година е дочекана и на Нов Зеланд.

    Градскиот мост Харбор Бриџ во Оукланд и телекомуникациската и набљудувачка кула Скај Тауер беа украсени со празнично осветлување, а беше организиран и огномет, објави Би-Би-Си.

    Претходно, жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди.

    По овие острови, Австралија влегува во новата 2022 година, исто така со огномет.

    Во огнометот во Сиднеј ќе бидат испукани шест тони пиротехнички средства.

    И покрај епидемиолошките мерки, повеќе десетици луѓе ќе го гледаат огнометот во живо на улиците.

    Но, поради епидемиолошката состојба секој што ќе сака ќе мора однапред да резервира билет за еден од 30-те пунктови од кои ќе се следи спектаклот, кој ќе се пренесува во живо на телевизија.