Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да патува во Австралија. Најдобриот светски тенисер нема да патува во Сиднеј на АТП купот кој е на програмата од 1 јануари, објавија белградските медиуми.

Новак се уште не се огласил на оваа тема, а тоа се очекува да го направи во најкус можен рок. Доколку првиот рекет во светот се откаже од учеството во АТП купот, Србија во Сиднеј ќе игра со Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Матеј Шабанов, Никола Чаќиќ и Никола Милојевиќ.

Селекторот Виктор Троицки не патува во Австралија на АТП купот. Србија во Сиднеј ќе игра против Норвешка, Чиле и Шпанија.

За Новак Ѓоковиќ се уште не е сигурно и дали ќе успее да добие дозвола за настап на првиот грен слем турнир Австралија опен. Според организаторите за да се настапи на овој турнир, треба да биде вакциниран или пак да добие медицинско одобрение од австралиските доктори.