Новак Ѓоковиќ нема да мора да се вакцинира за да игра на Ролан Гарос

379
Serbia's Novak Djokovic kisses the cup after defeating Stefanos Tsitsipas of Greece in their final match of the French Open tennis tournament at the Roland Garros stadium Sunday, June 13, 2021 in Paris. Djokovic won 6-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-4. (AP Photo/Thibault Camus)

Шансите светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, да игра на Ролан Гарос без вакцина стануваат реални. Иако пропусницата за вакцинација во Франција веќе стапи на сила, премиерот на оваа земја Жан Кастекс, најави дека постои можност одлуката да биде суспендирана во догледно време.

Што значи тоа конкретно, имајќи предвид дека не се поставени ограничувања за аболицијата, објасни министерката за здравство Оливија Веран, која исто така присуствуваше на прес-конференцијата, по одржувањето на Советот за здравствена безбедност.

Веран посочи дека е неопходно состојбата во болниците да биде таква да нема повеќе одложени операции, а ја наведе состојбата во болниците во август кога на интензивна нега имало помалку од илјада лица. Денеска ги има околу 3.800, но нивниот број веќе почна да се намалува.

Одлуката може да биде суспендирана доколку долгорочно значително се намали епидемиолошкиот, а особено болничкиот притисок. Пропусницата за вакцинација ќе ја применуваме онолку колку што е потребно, но не подолго од тоа, рече Кастекс.

Интересно е што мерките се олеснети, но истовремено е воведена и пропусница за вакцинација, што многумина го коментираат како контрадикторен и задоцнет потег, кога станува збор за овој бран.

Фактот дека бројот на пациенти во француските болници се намалува и дека сојот омикрон е многу помалку опасен од делта, дава оправдана надеж дека до крајот на мај, кога ќе се одржи Ролан Гарос, може да се дојде до прифатлива ситуација. Посебно што повеќето епидемиолози сметаат дека состојбата ќе биде блиску до нормала кон средината на март. Олеснителна околност е тоа што премиерот Кастекс презентирајќи ја картата за вакцинација ги наведе условите под кои ќе важи. Станува збор за целосна вакцинација, со три дози (третата доза е примена седум месеци по втората, а од 15 февруари, четири месеци по втората), но и потврда за минато боледување или потврда за контраиндикации на вакцината, која ќе бара негативен тест.