Поранешниот светски тениси рекет број еден Чилеанецот Марсело Риос, жестоко го критикуваше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Риос на срамен начин проговори за одлуката на Ѓоковиќ да не се вакцинира.

-Тоа е глупава одлука од негова страна. Ѓоковиќ можеби не е најдобар во историјата поради вакцината. Отпрвин го споделив неговото мислење, но сфатив дека е невозможно да се патува без вакцинација, лесно се решив на тој чекор, рече Риос.

Чилеанецот не застана тука, туку почна и да го навредува најдобриот тенисер на денешницата.

-Мислам дека Ѓоковиќ е всушност кралот на глупоста. Прво мислев дека тоа е страв од вакцината, но сега верувам дека тоа е чиста ароганција, рече контроверзниот Чилеанец.

Новак донесе одлука да не ја прими вакцината против коронавирусот и поради тоа претрпе сериозни последици. Тој го пропушти Австралија опен, како и мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

Србинот по 45 дена откако го одигра последниот меч, во четвртфиналето на АТП турнирот во Дубаи ќе заигра во Монте Карло. Тој првиот настап на овој турнир ќе го има во 2. коло против Алехандро Давидовиќ Фокина, а потоа се очекува да настапи на турнирите во Белград, Мадрид и Рим, а сето тоа е дел од подготовките за настапот на Ролан Гарос.

-Сè уште се чувствувам мотивиран да играм на турнирите и да се натпреварувам со млади тенисери, да се обидам да се натпреварувам за најголемите титули со најдобрите тенисери во светот. Многу сум задоволен што сум овде, Монако е мојот дом повеќе од 10 години, моментот кога ќе се вратам и повторно ќе се натпреварувам, па ова е најдоброто можно место за почеток, изјави Ѓоковиќ.