Новавакс ги „помина“ тестовите: ЕК ја одобри нејзината вакцина

124

Европска Комисија одобри договор со американската компанија Новавакс за 200 милиони дози вакцини, која веќе е успешно тестирана против варијанти на коронавирус, објаи на Твитер претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Тоа е седми договор за ЕУ ​​одобрен од ЕК. За разлика од претходните, тој доби согласност од Брисел во време кога нема проблем со снабдувањето со вакцини.

Документот предвидува купување на 100 милиони дози со можност за уште 100 милиони дози до 2023 година, откако Европската агенција за лекови ќе го одобри производот.