Последното писмо на Тесла до мајка му: Моли се таму за мене, Мајко, ако можеш…

384

Сите овие години поминати служејќи му на човештвото, не ми донесоа ништо освен навреди и понижувања, вели еден од најголемите умови Никола Тесла во последното писмо.
Толку сум рамнодушен што не се препознавам самиот себеси. Можеби и би кукал, но сега веќе не знам, добро, дека некој и онака сето тоа го држи под контрола и дека моето откритие дојде прерано за човештвото. И всушност, воопшто не е мое. Знам дека тоа некој го надгледува и дека има план, па можеби и затоа сум рамнодушен.

Среда 18 ноември…

Мајко, при помислата на Тебе, се чувствувам некако тешко и мрачно, не знам како, ама чувствувам дека не ти е добро. Би сакал да сум покрај Тебе, сега, и да ти подадам вода.
Сите овие години поминати служејќи му на човештвото, не ми донесоа ништо освен навреди и понижувања. Утрово станав пред да осамне оти повторно слушнав нешто што веќе подолго, а низ сон, го слушам во мојата соба.
Слушнав глас кој пее и моли на некој маварски јазик некоја убава таговна песна или повик. Утрово го истерав сонот од очите и потврдив дека гласот доаѓа од секаде и дека не можам да утврдам дали е од надвор или од внатре.
Се плашам разумот да не сум го загубил. За ова не смеам да му зборувам на др. Лајонел оти ни нему повеќе не му верувам. Слушнав дека го посетувал господин Едисон пред две недели…

Четврток, 19 ноември…

Повторно мислам на тебе, Мајко. Повторно ги имам оној немир и тага во телото. Денес ќе пишам до Агенцијата за патенти мојот јавен експеримент да го поместат за една недела порано оти јас морам да тргнам дома, во Татковината, да тргнам кај Тебе. Знам сега, сигурно не ти е добро, оти оној глас, онаа таговна песна повторно ја слушнав сосема свесен и буден. Се уште сум разумен…

Петок, 20 ноември…

Не пишав до Агенцијата за патенти, дојде нивниот агент да ми донесе потврди и му реков лично за моите намери. Рече дека му е жал, ама дека термините не можат да се поместуваат бидејќи конгресмените од околу 20 сојузни држави одвај го ускладиле терминот. Појдов кај Водопадот и им реков на моите момци да ги завртат турбините и утре, подготвени, да го чекаат мојот повик.
Јас одлучив на човештвото да му го дарувам она што му припаѓа и се враќам во Европа, кај Тебе, Мајко. Владите на земјите тука се исти како и дома. Сфатив, сега, на крајот, дека човештвото е зависно од владите и дека поединец не може да го промени светот. Но оној чуден глас ме загрижува. Знам дека нешто значи и дека има врска со Тебе, со мојот експеримент, со нешто трансецендентално…

Сабота, 21 ноември…

Драга Мајко, утре тргнувам за Југославија. Госпоѓица Нора по моја наредба појде во Капетанијата и ми обезбеди билет до Лисабон, оттаму со воз одам за Цирих, па потоа директно дома. Сметат дека ќе ми требаат десет дена, или најмногу две недели.
Денес влегов во зградата на Конгресот и на седницата на Сенаторите замолив за неколку минути внимание. Не им беше по волја, но ми дозволија. Побарав телефон да ме поврзат со лабораторијата на Нијагарините водопади.
Момците по моја наредба ги пуштија турбините во погон и во Конгресот салата се осветли со мојата струја, десет пати посилна од обичната, токму како што најавив. Воопшто не ме интересираа нивните реакции.
Веднаш излегов надвор, оти ова не го правев за нив ами за човештвото. Само во моментот кога ја погледнав светилката и чекав мојата безжична струја да дојде од турбините, почувствував дека јас не сум творец на сето ова.
Почувствував дека некој или нешто ја носи од Нијагара до Конгресната сала и дека во тој закон кој го сметав за мое откритие има нешто што отсекогаш постоело, а дека мене само ми била дадена инспирација тоа да го обликувам и да му го објаснам на човештвото.
Наместо среќа и триумф, се појави некаква празнина. Сфатив дека во животот сум пропуштил нешто големо. Нешто како да сум пропуштил, како да не сум спознал нешто што ми било понудено. Некоја формула била толку блиску до моето спознание, а јас не ја најдов или не сакав да ја најдам. Тоа има врска со онаа маварска таговна песна, сигурен сум, сега…

Недела, 22 ноември…

Ова писмо никогаш нема да го добиеш, Мајко. Не знам зошто Тебе ти го пишувам, тебе која никогаш повеќе нема да можеш да го прочиташ… Нека ти е лесна земја, Мајко и прости ми што моите патишта ме одведоа од Тебе, па ни на погреб не можам да ти дојдам.
Ја читам телеграмата со веста за твојата смрт и ги презирам луѓето кои не беа подготвени уште пред две години да сфатат дека струјата може да се пренесе и без жици. Сега ете видоа дека може, но, повторно со векови нема да знаат да ја користат, оти некој до темел ја запалил мојата лабораторија во центарот на градот, заедно со сите списи и нацрти. Ми рекоа дека се сомневаат на господин Едисон.
Толку сум рамнодушен што не се препознавам самиот себеси. Порано можеби и би се жалел, но сега повеќе не оти знам, добро, дека некој и онака сето тоа го држи под контрола и дека моето откритие дојде премногу рано за човештвото. И всушност, тоа воопшто не е мож. Знам дека некој тоа го надгледува и дека има план, па можеби затоа сум рамнодушен.
Мојот брод за Лисабот тргнува во 11 часот. Надвор ме чека автомобил.
Ова писмо ќе го ставам на твојот гроб, кога ќе стигнам на нашите селски гробишта. Сега верувам во она во што никогаш не сум верувал, дека сум таму некаде се уште Ти и дека твојот живот НЕ престанал засекогаш.
Сега ми е жал и што не сакав да се дружам со Турците оти тие исти такви таговни песни пееја како оние од моите зазорувања. Сега се сеќавам дека тие знаеја многу повеќе од мене за овие работи кои јас сега ги спознавам.
Залудни се моите години минати во науката, кога таа беше јалова. Моли се таму, за мене, Мајко, ако можеш, со таа маварска таговна песна за оваа загубена душа на твојот неук син…