Фестивалот на поезија и уметност „Крикот на жената“ петти пат во Македонија и првпат онлајн

131

Меѓународниот фестивал на поезија и уметност „Крик на жена“ – Woman Scream (Grito де Mujer), низ светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional MPI) на 28 март се одржа традиционално, по петти пат, во Македонија и првпат онлајн. Овој фестивал претставува светски синџир на настани одржувани во текот на целиот месец март каде што поети и поетеси, уметници и организации од различни земји волонтираат во чест на правата на жените и испраќаат пораки на самодоверба, почит и зајакнување на гласот против насилството врз жените.

Секоја година фестивалот има свое мото, а годинава меѓународното мотото на фестивалот е: „Кој крикнува за вас сирачињата од фемициди“?

До лани, континуирано, фестивалот се организираше во повеќе од 50 земји во светот, со повеќе од 600 успешни координирани настани, но оваа година Македонија е единствената земја во светот која ја продолжи традицијата и го одржа настанот, бидејќи другите земји ги откажаа своите настани поради пандемијата. Националните координаторки на организацијата на фестивалот во Република Македонија, поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова, со поддршка на организацијата „Јустиција“, одлучија оваа година фестивалот да се одржи онлајн.

„Одлучивме да ги искористиме бенефициите на компјутерите и интернетот, бидејќи токму современите информациско-технички можности ни овозможуваат фестивалот да биде подостапен и за учеснички и учесници, а и за публика. Поради тоа, одлучивме оваа година да поканиме уметници од сите видови уметности од целиот свет. Тие ги претставија своите дела преку видеа кои се  објавени на следниов линк на Јутјуб: