НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

222

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Macedonian Human Resources Association ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

НЛБ Банка отсекогаш била и во иднина уште посилно ќе биде посветена на луѓето, на нашите клиенти, но пред сè, на нашите сегашни и идни вработени. Ние сме голема Банка, семејство од над 900 луѓе. Постојано инвестираме во луѓето, грижливо ги третираме и се трудиме да им овозможиме работно опкружување кое ќе ги сплоти нивното знаење и инвентивност со идните потреби на клиентите и заедницата.

Продолжуваме да креираме современи и предизвикувачки работни места за успешни кариери. Поттикнуваме личен развој, верувајќи дека растот е битна состојка на личната среќа. Нам ни е најваважно нашите вработени да се среќни, како на работното место, така и во приватниот живот, затоа што задоволни вработени се грижат и за среќни и задоволни клиенти. Продолжуваме заедно, за се што следи, изјави Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ банка Скопје.