Ништо од трансферот на Неимар

98

Жозеп Марија Бартомеу, првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, даде изјава со која точно ја опиша финансиката криза која го зафати клубот поради пандемијата со коронавирусот.

  • Сите европски клубови се погодени од пандемијата. Ова нема да трае една година, ќе трае три или четри години. За време на паузата ние загубивме 200 мил. евра. На почетокот од сезоната ние очекувавме приход од 1.3 милијарди евра, но на крајот ќе имаме само 30% од таа сума. Ако не се подобри ситуацијата со пандемијата, ќе нема навивачи на стадионите. Ќе играме пред празни трибини, ќе биде затворен музејот, продавниците, ќе загубиме уште многу пари, изјави Бартомеу.

Претседателот на Барса додаде дека нема да биде ништо од најавените големи трансфери за време на летниот преоден рок.

  • Разговаравме со Лаутаро Маринез, но ги прекинавме преговорите. Не е време за големи инвестиции. Неимар? Не е добро да го ангажираме во овој момент поради коронавирусот. Исто така, не знам дали ПСЖ сака да го продаде, додаде Бартомеу.

Пред десетина дена, Барселона потврди дека за 60 мил. евра ги осигура услугите на босанскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Миралем Пјаниќ, а за 72 мил. евра во обратната насока се упати бразилскиот интернационалец Артур Мело. Иако имаше обврска да се врати на „Ноу Камп“ и да ја комплетира актуелната сезона, Артур реши да остане во Бразил, но Бартомеу потврди дека клубот ќе го тужи офанзивниот играч за врска.