Ништо од Рафа Бенитез

58

Трофејниот шпански стручњак, Рафа Бенитез, повеќе не важи за прв фаворит кога е во прашање тренерската функција во редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи. Веќе со недели се шпекулира дека актуелниот предводник на „азурите“, Џенаро Гатузо, ќе добие отказ поради лошите резултати во Серија А и Лига Европа како и поради конфликтот со сопственикот на клубот, Аурелио де Лаурентис. Италијанските медиуми се убедени дека Гатузо ќе остане до крајот на актуелната сезона.