Се чинеше дека Пауло Дибала заврши со преселбата во Интер откако летово го напушти Јувентус како слободен играч.

Сепак, ситуацијата со него се искомплицира бидејќи неговиот агент и клубот од Милано не постигнаа договор околу неговата плата, а италијанскиот печат веќе пишува за следната негова дестинација.

Така, „Тутоспорт“ пренесува дека Реал Мадрид би можел да биде една од можните дестинации на Дибала.

Италијанскиот весник објаснува дека на Карло Анчелоти многу му се допаѓа стилот на игра на поранешниот играч на Палермо и доколку замине Асенсио, тој би можел да биде негова замена во „галактикосите“.