Раководството на НБА-лигата и кошаркарскиот клуб Индијана објавија дека Ол-стар викендот, кој првично беше закажан за февруари 2021 година во Индијанаполис, ќе се одржи во 2024 година. Големото натпреварување е откажано поради пандемијата на коронавирус. Викендот на сите ѕвезди требаше да се одржи од 12 до 14 февруари 2021 година.

  • Иако сме разочарани што Ол-стар натпреварот нема да се одржи во Индијанаполис во 2021 година, сепак среќни сме што градот ќе биде домаќин на натпреварувањето во 2024 година, изјави комесарот на лигата, Адам Силвер.

Следниот Ол-стар викенд ќе се одржи во 2022 година во Кливленд, додека во 2023 година домаќин ќе биде Солт Лејк Сити.