Австрискиот тенисер Доминик Тим, уште еднаш дека стои зад своите зборови дека некои тенисери не заслужуваат помош.

На иницијатива на Новак Ѓоковиќ тенисерите основаа фонд за помош на лошорангираните колеги. Но, Тим се спротистави на идејата, истакнувајќи дека  има и такви кои не заслужуваат помош.

  • Не сакам да објаснувам ништо, стојам зад она што го реков. Проблемот е што моите зборови се извлечени од контекст. Од почеток зборував дека им треба помош на некои играчи. Но има и такви кои не заслужуваат финансиска поддршка. Сакам сам да одлучам на кого ќе му помогнам. Јас им помагав на играчите и пред да се случи пандемијата со коронавирусот. Донациите се приватна работа. Не е потребно се јавно да биде кажано, ијави Тим.