Освен што е перфекциониста на тенискиот терен, таков е и надвор од него. Станува забор за рекордерот по освоени грен слем титули, Швајцарецот Роже Федерер, кој за свој нов дом го одбра бајковитиот град Волерау, сместен на брегот на Циришкото езеро, каде изгради вила вредна 7.3 м илиони евра. Гратчето има околу 7000 жители и што е уште поважно се плајќа најнискиот данок во Европа.

Станува збор за модерна куќа на три катаи стаклени ѕидови, базен и неверојатен поглед на езеро. Куќата е изградена на крајот од 2014 година и има повеќ од 500 квадрати, а се наоѓа на парцела од 1,5 хектари со подземен паркинг.

Волерау е одалечен на 20 минути од Цирих и еден час од родниот град на Федерер – Базел, но патувањето не му претставва проблем, исто као и на поголемиот број на милиониери кои живеаат во тој град.  Покрај Федерер во овој град живеаат и возачите во Формула 1, Финецот Кими Раионен и Фелипе Маса.

Во стаклениот дворец Федерер живее со сопругата Мирка, со која се венчаше пред десет години и нивните четири деца. По Вимблдон еден од најдобрите тенисери во светот ќе се одмори во својот луксузен дом покрај езерото.

Федерер веќе се пласираше во полуфиналето на Вимблдон каде ќе ги одмери силите со Шпанецот Рафаел Надал. Швајцарецот веќе има осум титули од турнирот во Лондон, додека негвиот противник само два пати го има освоено овој турнир.