Сега се е во нашите раце. Најважна е самодисциплината на народот. Не сме дисциплинирани. Затоа во Куманово е и воведен толку долг полициски час.Само да помине чумата, па таму во август пак да се видиме на “Тамбурашкиот фестивал“

Од како во неговиот град Куманово ситуацијата со вирусоткорона стана навистина драматична, Нини Величковски е човек кој не ја губи надежда. Тој за весникот ВЕЧЕР вели дека е непоправлив оптимиста. – Се има свој почеток и крај, па така и оваа пандемија. Се сложувам со тоа дека во цела Македонија, па и во Европа уште на стартот на месецот февруари бевме опуштени и распуштени, а короната беше слободно увезена и навлезена. Ние немавме појма за каков вирус станува збор, опасен вирус кој умее да мутира. Но, сега се е во нашите раце. Најважна е самодисциплината на народот. Не сме дисциплинирани, не останувавме дома, а само дома си е дома. Затоа во Куманово е и воведен толку долг полициски час. Значи нема собирање на луѓе, а тоа е сега за сега единствениот лек со кој му се пресекува синџирот на вирусот, објаснува Нино.
Покрај оваа во секој поглед тешката ситуација, Нино не ја губи својата вечна смисла за хуморот. – Нема сега швалерки, нема забрането овошје. Малку се шегувам, смеата е најдобар лек за се.
0 Што предлага Нино, со што да се разбие секојдневната монотонија?
– Па, баш и не морате постојано да гледате вести на тв, да слушате дебатни емисии за короната бидејќи се и сешто ќе се наслушате, од што можете да почнете да реагирате параноично, а тоа не ви е потребно. Треба да сме мирни и психички прибрани 24 саати.
0 Како е ќерката Магда, таа не се врати од Малта?
– Не, не се врати остана таму додека трае ова лудило.Одлучи да остане. Добра е, си работи од дома. И на Малта е се затворено, летната туристичката сезона однапред е пропадната, но здравје е најважно поважно од парите. Ова мора да им е присутно и на сите наши овдешни политичари и министри, како што тоа го прават на Малта. Прво здравје, па потоа пари. Нашиот кумановски градоначелник одлично ја држи ситуацијава под контрола.Тешко е, имаме и починати луѓе.
0 Според тебе кога би можела да смири ситуацијата со короната?
– Оваа чума кон крајот на мај месец мислам дека ке ја снема. Тој вирус не опстојува на топлите сончеви зраци. Некои велат дека тоа не е точно, веројатно се споредуваат со Индија каде има исто така корона, а таму е топло. Да, има но таму вирусот ја немаа таа моќ колку овде на овие пониски температури, ниту на високите температури може да мутира, го снемува за пет до седум дена и то во вид на сезонски грип. Има разлика!
0 Тоа занчи дека од јуни сите им се враќаме не вообичаените активности?
– Не ме држи за збор, ама јас сум оптимиста дека така ќе биде. Затоа, уште од сега и ако ова се сложени околности, наоѓам време да работам на подготовките на “Тамбурашкиот фестивал 2020“ кој треба да се одржи во Куманово на 28 и 29 август. На сцената која ќе биде пак поставена во центарот на Куманово ќе настапат многу познати пејачи. Малку ни е пореметен списокот на учесниците, некои не се начисто со траењето на пандемијата мислејќи дека ќе трае цело лето, се мислат за доаѓањето. Бевме во преговори со Жељко Бебек, Тереза Кесовија, Мерима Његомир….со уште некои познати пејачки имиња, па се надевам дека ќе ги убедиме да настапат. Фестивалот да ни биде успешен како што беше минатогодишен кога низ Куманово се разливаше убавата тамбурашка песна. Ветувам дека ќе биде и годинава така, само нека помине се ова, да останеме живи, здрави.
Дуле Миќиќ