Контроверзиот австралискиот тенисер Ник Кирјос, успеа да се надмине себеси кога се во прашање скандалите. Овој пат лошото момче на светскиот тенис ги плукна фановите, а тоа го забележаа и камерите.

Австралиецот беше видно нервозен, бидејќи се мачеше против малку познатиот домашен тенисер Пол Џаб, кој имаше голема поддршка од трибините, но на крајот Кирјос славеше по пет сета – 3:6, 6:1, 7:5, 6:7 (3), 7:5.

Англиската публика, позната и по провокациите, успеа да го извади од такт Кирјос, кој исто така се караше со нив во текот на мечот, а на крајот, како што се наведува, со плукање покажа што мисли.

-Да, вистина е дека плукнав кон некого во публиката кој ме навреди за време на мечот. Јас тоа го направив намерно, не би го направил тоа на некој што ме поддржува, изјави Австралиецот по натпреварот.