Ник Кејв ја одложи европската турнеја

48

Познатиот австралиски музичар Ник Кејв и Бед Сидс се принудени да ја одложат европската турнеја поради пандемијата на корона вирусот ковид-19, и иако се разочарани, тие им порачаа на фановите дека во моментот тоа е најдобрата одлука.

„Донесовме одлука да ја одложиме турнејата ‘Nick Cave & Bad Bad Seeds’ во Европа и Велика Британија. Длабоко сме разочарани, но ова ни се чини како најдобра одлука во моментот со цел и сите вас да ве заштитиме што е можно повеќе. Работиме посветено за да закажеме нови датуми за концертите и сите детални информации ќе ги споделиме со вас веднаш штом ќе ги имаме. Сите постоечки купени билети ќе важат за новите датуми. Ве сакаме“, се вели во соопштението потпишано од Ник Кејв и Бед Сидс.

 

Организаторите на белградскиот концерт, како што пренесе српски Блиц, потврдија дека сите датуми, вклучително и оној за настапот во арената Штарк на 4 јуни, се одложени и наскоро ќе бидат објавени нови датуми.