Лоло Џонс важи за една од најубавите атлетичарки во светот, а освен тоа привлекува и големо внимание не само на атлетските патеки, туку и со изјавите кои ги дава во приватниот живот. Најголемо внимание провлече со изјавата дека се уште немала секс и покрај тоа што има 38 – години. Причината за ова е тоа што се чува за кога ќе стапи во брак.

Се обидував со луѓе од различни друштва, дути и со колеги од атлетиката. Но секогаш завршуваше со раскинување во кое моето срце беше скршено. Одлучив прв пат да имам секс кога ќе стапам во брак, но никако не можам да го најдам вистинскиот маж, изјави Џонс.

Лоло Џонс (38) важи за една од најубавите атлетичарки, но не може да си најде маж, бидејќи не сака да се сложи на секс пред брак

Но, ова признание не и помогна многу. Сексапилната Американка, неодамна откри деја заради оваа изјава уште повеќе и трпи љубовниот живот и оти и е многу потешко да си најде маж.

-Призанието беше грешка. Тоа ми уби сите состаноци. Воопшто не добиц шанса. Претходно имав некакви шанси. Претходно секогаш размислував како да му кажам. Да почекам додека не сфати или само да ја фрлам бомбата, вели Лоло.

На Олимписките игри во Лондон, бронзата и побегна за десет стотинки. Но таа е единствената спортистка која што ги претставувала САД и на Зимските олимписки игри. Во Пекинг и во Лондон трчаше на 100 метри со пречки, а во Сочи во 2014 година се натпреваруваше во боб санкање.

Меѓутоа, смета дека невиноста повеќе и одмогнува, отколу што и помага во кариерата.

-Сексот ви помага како спортистка. Добро е за вашите хормони. Јас сум во неповона ситуација, открива Американката.

Сепак таа не се откажува од идеата да има секс пред брак.

-Не знам зашто Бог се уште не ме благословил со брак. Многу мажи ми се допаѓаа, но во врска со мене влегуваа убедени дека ќе ми го променат ставот. Ме напуштаат кога ќе сфатат дека нема да има секс пред брак, заврши Џонс.