Најновото засилување на НБА тимот, Бруклин Нетс, Кевин Дурант, првпат пред американските медиуми зборуваше за завршницата од минатата сезона и повредата во НБА финалето против Торонто.
-Голден Стејт не е виновен за мојата повреда. Како може некој да го помисли тоа. Никој не ме тераше да престанам со рехабилитација и да почнам да играм. Планот беше да бидам подготвен за петтиот натпревар. Никој не беше виновен за тоа. Таква е играта. Сра*а се случуваат. Ќе се вратам посилен, во тоа немам сомнеж, откри 30-годишниот Дурант.
Во новата сезона Дурант ќе има и нов број на својот дрес. Тој одлучи да се раздели со бројот 35 и ќе ја облече „седумката“. Покрај себе во редовите на „мрежичките“ ќе го има Кари Ирвинг, но не се очекува да одигра официјален натпревар до крајот на претстојната сезона.