Никој не го сака По Гасол

48

Искусниот шпански кошаркар, По Гасол, наводно побарал да биде трејдуван од редовите на Сан Антонио, пренесува „ЕСПН“. Но, „мамузите“ не успеале да најдат тим каде што ќе биде трјдува, па поради тоа размената нема да се случи пред летната пауза.

Гасол сезонава не добива преголема минутажа, па затоа бележи само по 4.4 поени во просек по натпревар. Но, не се само годините фактор за тоа што никој не го сака во своите редови, туку главен проблем за останатите е неговата плата која изнесува осум милиони долари по сезона.