Францускиот ракометен репрезентативец Никола Карабатиќ во кариерата има играно во три шампионати, има одиграно 21 сезона во кои дури 20 пати овојувал шампионски пехар.

Некогаш најдобриот светски ракометар, Никола Карабатиќ (38) веќе е во залезот на кариерата, но продолжува да поставува индивидуални рекорди.

ПСЖ е старо -нов шампион на Франција, а Карабати со 20 шампионски пехар во кариерата (Монпелје, Кил, Барса и ПСЖ) само го збогати можеби најбогатото ракометно CV на светот.

Единствената сезона во која Карабатиќ не бил шампион е годината кога не ја доври сеозоната во Монпелје (2013) поради скандалот со обложување и се пресели во редовите на Екс Прованс од каде замина за Барселона.